ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче, СДСМ вели дека работат отчетно
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче за набавките во Клиниката за хематологија. Тие обвинија дека директорката на клиниката, Ирина Пановска Ставридис, која е поставена од Филипче, со три тендери вредни над три милиони евра извршила јавни набавки од веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на нејзиниот татко Златко Пановски. За ВМРО-ДПМНЕ, тука постои конфликт на интереси. СДСМ реагира дека ВМРО-ДПМНЕ пласира лажни вести и оти во здравството се работи транспарентно и одговорно. Читать дальше...