НАСА лансираше сонда која треба да му пријде на Сонцето
„Паркер“ е заштитен со револуционерен јаглероден топлински штит и со други технолошки чуда, а првата средба со Сонцето треба да ја има во ноември. Планирано е сондата да направи 24 блиски поминувања за седум години. Проектот вреди 1,5 милијарди долари.
Илјадници набљудувачи се собраа да го гледаат лансирањето, а меѓу нив беше у 91-годишниот астрофизичар Јуџин Паркер, по кого сондата го доби името. Тој пред 60 години ја изнесе теоријата за постоење соларни ветрови, непрекинат тек на честици кои со надзвучна брзина го напуштаат Сонцето. Ова е прв пат НАСА да именува вселенско летало по жив човек. Лансирањето првични беше предвидено за вчера, но беше одложено поради технички проблеми.