Израел ќе соработува со Русија околу соборениот руски воен авион
Претставници на израелската војска денеска престојуваат во Москва на разговори во врска со уривањето на рускиот воен авион во близина на брегот на Сирија при што загинаа 15 членови на екипажот. Русија за уривањето на авионот од типот Ил 20 ги обвини сириските противвоздушни сили, но исто така го обвини и Изреал кој во тоа време изведувал воздушни напади врз сириските сили.