Почина актерот Данчо Чевревски
На 69-годишна возраст, вчера во Скопје, по долго боледување, почина актерот и универзитетски професор Данчо Чевревски.
Чевревски имаше богата актерска кариера и глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови: „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“, „Втора шанса“…
Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери, а специјализирал на УКЛА во Лос Анџелес.