За 24 часа 928 пријави за неносење заштитна маска за лице
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, на територијата на цела Северна Македонија се регистрирани 928 прекршоци, информираше претпладнево Министерството за внатрешни работи (МВР).
Министерството и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.