Стејт Департмент: Мистериозната експлозија во Белото Море причинета од ракета на нуклеарен погон
„САД утврди дека експлозијата е резултат на нуклеарна реакцијаод ракета за вкрстување“ изјави заменикот помошник на државниот секретар Томас Динано пред Комитетот на Обединетите Нации.
Експлозијата создаде радиоактивно зрачење, кое локалните жители ги исплаши и купуваа јод од локалните аптеки. Јодот често се користи како прво средство за заштита на тироидната жлезда од озрачување во случај на нуклеарен инцидент.
Денот кога се случи експлозијата, руското Министерството за одбрана потврди дека се случил фатален инцидент при кои две лица загинале. Два дена подоцна државната руска агенција за атомска енергија соопшти дека бројот на загинати е пет, станува збор за вработени кои извршување „техничко-инженерски надзор “ врз тест на „радиоактивно изотопски гориво за ракетен мотор со течно гориво“. Шпекулациите во медиумите беа поврзани со ракета на нуклеарен погон за која говореше минатата година рускиот претседател Владимир Путин за која беа објавени информации дека поминала неколку неуспешни тестови.