Во бразилските прашуми за осум месеци регистрирани 72.000 пожари
Најтешко погодени подрачја се Амазон, кој зазема голем дел од северот и северозападот на земјата, а следи Пантанал каде исто така во налети избиваат пожари околу некои големи градови, како Сао Пауло. Пожари се шират и во сојузните држави Акра, Рондонија, Мато Гросо и Мато Гросо до Сул во близината на границата меѓу Бразил, Боливија и Парагвај.