Амбасадата на САД: Дачиќ би требало да размисли за своите постапки
"Наместо уништување на банкнота со ликот на еден голем американски научник и државник Бенџамин Френклин, министерот Дачиќ би можел да размисли за неговата изјава: " Биди во војна со своите пороци, во мир со своите соседи ", се вели во одговорот на Амбасадата на САД во Белград за Радио Слободна Европа (РСЕ).
Американската амбасада реагираше на постапката на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој се приклучи на интернет предизвикот „Косово е Србија“ и на банкнота од 100 американски долари напиша Косово е Србија и се потпиша.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека интернет-кампањата „Косовo е Србија“ во која учествувал српски официјален претставник е омаловажувачка.
Во изјава за белградскиот дневен весник Блиц, Дачиќ ја правда својата постапка со следниве зборови: "Ова е нашата државна политика, јас постојано го кажувам тоа, па зошто и да не го напишам“.