СЗО: Над еден милион луѓе дневно се заразуваат со сексуално преносливи болести
Над еден милион луѓе во светот секој ден се заразуваат со сексуално преносливи болести, а најмногу загрижува стапката на заразени со кламидија, гонореја, трихономијаза и сифилис, објави Светската здравствена организаиција.
„Поголем дел од инфекциите се излечиви и можат лесно да се спречат, но одделни болести, особено гонорејата, развиле посебно отпорни облици, кои се потешко се лечат со антибиотици“, се наведува во извештајот на СЗО.
Извештајот заснован на последните достапни глобални податоци од 2016 година, покажува дека меѓу мажите и жените на возраст од 15 до 49 години, се појавиле 127 милиони нови случаи на кламидија, 87 милиони на гонореја, 6,3 милиони на сифилис и 156 милиони случаи на трихомонијаза.