Пронајдена масовна гробница во близина на Сараево
Босанското обвинителство соопшти дека верува оти била лоцирана масовна гробница во близина на Сараево во која се наоѓаат останките на босански муслимани кои биле убиени за време на војната од 1992 до 1995 година. Коски и остатоци од облека биле пронајдени на планината Игман.
„По испитувањето на теренот, видовме сомнителна локација на непристапно поле и човечки остатоци беа пронајдени во земјата на длабочина од еден метар“, се наведува во соопштението на обвинителството.
Околу 7.000 луѓе се уште се водат за исчезнати од војната во која беа убиени повеќе од 100.000.