Јапонскиот премиер ќе го посети Иран за намалување на тензиите со САД
Јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе го посети Иран во блиска иднина во надеж дека земјата ќе помогне во намалување на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Јапонски медиуми јавија дека Абе најверојатно ќе отпатува на 12 јуни и ќе се сретне со врховниот лидер Ајатолахот Али Хаменеи и претседателот Хасан Рохани.
Тоа ќе биде прва посета на јапонски премиер на Иран по повеќе од четири децении. Јапонија е една од најблиските сојузници на САД во Азија, а земјата има добри односи и со Иран.