Тачи: Таксата ќе се укине кога Србија ќе го признае Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе се укине само откако Белград ќе ја признае независноста на Косово.
Тој пред да отпатува на меѓународниот форум во Братислава посочи и дека нема да има посебна средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, туку може да разговара со него на панелот на кој ќе стане збор за дијалогот меѓу двете земји. Според Тачи, таксата е исправна и легитимна одлука и не треба на неа да се гледа како на дополнителен критериум за визна либерализација за косовските граѓани.