Трамп се заблагодари на ветераните и на врската на САД со сојузниците
Американскиот претседател Доналд Трамп денешното одбележување од 75 годишнината од Денот Д во крајбрежниот град Вер-Сур-Мер порача дека ветераните кои учествувале во инвазијата се меѓу најголемите Американци кои некогаш ќе живеат.
„Вие сте гордост на нашата нација. Вие сте слава на нашата република и ние ви благодариме од дното на нашите срца", рече Трамп на церемонијата на која присуствуваа и британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој ја искористи прославата да ги увери сојузниците за нивната нераскинлива врска со САД и покрај постојаната критика кон земјите- членки на НАТО кои не ги исполнуваат нормите за одбранбени трошоци.
Канадскиот премиер Џастин Трудо им оддаде чест на војниците кои ги жртвуваа животите за идните генерации. Рускиот претседател Владимир Путин од Санкт Петерсбург, кој последен пат присуствуваше на церемонијата пред пет години порача дека не е навреден што Британија не го поканила на овогодишната прослава. Советскиот сојуз не беше дел од инвазијата на Денот Д, но беше клучна во поразот на нацистичка Германија на источниот фронт.