Путин наредниот месец на средба со папата Франциск во Ватикан
Ватикан соопшти дека папата Франциск ќе го прими рускиот претседател Владимир Путин на 4 јули. Папата досега се има сретнато два пати со Путин во 2013 и 2015 година.
За време на средбата пред четири години папата Франциск повика на сите засегнати страни во конфликтот во источна Украина да направат искрени напори за мир. Во 2009 година Русија и Ватикан повторно воспоставија дипломатски односи кои беа нарушени за време на Советскиот сојуз.