Доживотен затвор за обвинетиот за убиство на 85 пациенти во Германија
Германскиот суд во северниот град Олденбург го осуди Нилс Хогел на доживотна казна затвор за убиство на 85 пациенти во две болници. Судијата Себастијан Буерман ги нарече убиствата на 42 годишниот Хогел „неразбирливи“.
Тој убивал случајно избрани пациенти со смртоносни инјекции во две болници во Олденбург во периодот меѓу 2000 и 2005 година се додека не бил фатен на дело. Хогел се извини за делата на крајот од седуммесечниот судски процес.