Жбогар го повтори ставот на Јункер за датумот за преговори со ЕУ
Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска ги повтори ставовите на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дадени пред два дена во однос на датумот за отпочнување преговори со ЕУ.
„Не можам да кажам многу повеќе од тоа што го рече претседателот на Комисијата пред два дена кој истакна дека државата е подготвена да ги направи следните чекори и, исто така рече дека ќе ги убеди другите држави членки да се залагаат и да дадат зелено светло за отворање на преговорите“, порача Жбогар при денешната посета на месноста Куклица во Кратовско.