Од БиХ само годинава во странство заминале 30 илјади лица
Унијата за одржливо враќање на БиХ објави дека само од почетокот на оваа година 30 илјади луѓе ја напуштиле Босна и Херцеговина. Претседателката на Унијата Мирхуниса Зукиќ изјави дека станува збор за масовна појава и оти луѓето ги напуштаат своите работни места и организирано заминуваат во странство. Таа прецизира дека од БиХ заминуваат цели семејства и оти се затвораат училишта.