ЕУ не ги стопира илегалните субвенции
Светската трговска организација пресуди дека Европската унија не го исполнила налогот да ги прекине нелегалните субвенции за компанијата Ербас, поради кои американската влада во октомври воведе царини на скоро 7 ипол милијарди долари европска стока. СТО наведува дека ЕУ не ги презела потребните чекори за да го заврши нанесувањето штета на американскиот Боинг, голем конкурент на Ербас. Унијата најави жалба на пресудата, наведувајќи дека таа била донесена по „сериозни правни грешки“.