Извештајот на Мулер ќе биде објавен денеска
Американското Министерство за правда соопшти дека извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за истрагата за руското мешање во американските претседателски избори ќе биде објавен денеска. Скратената верзија во која ќе нема делови кои се означени како доверливи ќе му биде доставена на Конгресот, а потоа ќе биде достапна до јавноста. Мулер ја заврши истрагата во март и извештајот од 400 страници му го предаде на министерот за правда Вилијем Бар кој потоа изјави дека Мулер не открил завера во текот на изборната кампања.