Демонстранти во Солун против Преспанскиот договор се судрија со полицијата
„Сите со грчки знамиња во рака, дојдете да го преплавиме Солун по повод присуството на премиерот Ципрас на отворањето на меѓународниот саем. Собирот ги засега сите Грци, затоа што не треба да се дозволи словенизација на македонскиот хеленизам што води кон отстапување на грчки територии“, повикуваа организаторите преку соопштение изминативе два дена.