Пониски цени во роаминг меѓу Македонија и Грција
„На средбата со грчкиот колега, министерот Папас, ги продолживме разговорите за потпишување договор меѓу двете држави за намалување на цените во роаминг за нашите граѓани. Како заклучок од средбата со задоволство можам да кажам дека во текот на септември ќе објавиме и конкретен договор за почнување на процесот за намалување на цените во роаминг“, изјави Манчевски.