Сервер: Македонците и понатаму ќе се нарекуваат Македонци
Во изјава за МИА од Вашингтон, тој додава дека со успехот на референдумот се менува официјалното име на земјата, но дека Македонците и понатаму ќе си се нарекуваат Македонци.
„Тоа ја отвара вратата за брз влез во НАТО и отварање на преговори за членство во ЕУ. Ова е најголемата и единствена шанса што земјата ја имала уште од прогласувањето на независност“, вели Сервер, еден од најугледните политички аналитичари.
Според него, неуспешен референдум е пораз на Договорот со Грција и дестабилизација, затоа што тоа ќе значи закочен процес за членство во НАТО и ЕУ и создавање меѓуетничките тензии во Македонија.