Обама: Републиканците ѝ се умилкуваат на Русија
Во критиката до Трамп, Обама рече дека Американците живеат во опасни времиња и ги обвини републиканците дека претставуваат закана за демократијата и, како што рече, „ја делат земјата и ги поткопуваат глобалните сојузи умилкувајќи ѝ се на Русија“.
„Што се случи со Републиканската партија. Кога постои вакум во демократијата други гласови го исполнуваат тој простор и политиката на страв, одбивање и закопување се вкоренува“, рече Обама.