Меркел - Заев: Референдумот е историска шанса, немојте да останете дома
Германската канцеларка го честиташе Денот на независноста и ги повика македонските граѓани да мислат на својата иднина.
„Сакаме да имаме и поинтензивна врска меѓу земјите. Сојузната влада и јас се залагаме за продлабочување на врските. Референдумот е отворање на портите за вашата земја за влез во ЕУ и НАТО. Потребно е уште многу работа, но предуслов е успешен референдум. 30 септември е историска шанса и немојте да останете дома. Искоирстете ја демократската можност да го кажете она што го мислите за инднината на вашата земја“, рече Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Заев.
Меркел, на денешната нејзина прва официјална посета на Македонија, потврди дека е испратен и советник за економски прашања за поддршка на реформите во Македонија.