Времето денеска - Сончево со умерена облачност
Попладне повремен дожд ќе има и понекаде на северот и североистокот, а до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието. УВ- индексот ќе биде 6.
Утринските температури ќе се движат од 9 до 19, а дневната максимална од 26 до 33 степени.