Вулин: Посетата на Вучиќ на Косово е победа за Србија
Во изјава за РТС, Вулин оцени дека посетата на Александар Вучиќ на српските средини во Косово е показател дека Србија е рамноправен фактор во меѓународните односи.
„Таа посета е меѓународна победа на Александар Вучиќ. Покажува дека работите во меѓународната заедница се промениле за Србија“, изјави тој.