МОН: Платите ќе бидат на трансакциските сметки
Од Министерството велат дека се ги испратени сите потребни документи за исплата на платите до Министерството за финансии од каде што добиле повратна информација дека сé е подготвено за реализација на платите на вработените во основните училишта.
„Сега останува училиштата да ги продолжат понатамошните процедури за финансиски трансфери, така што платите на вработените ќе се пренесат на нивните трансакциски сметки. Наставниците и вработените во образованието се категоријата која дефинитивно заслужува посебно внимание не само од нас, како ресорно Министерство, туку и од сите други. Во контекст на платата, Министерството за образование и наука прават напори не само да се избегне доцнењето туку и наскоро да се направи зголемување на платите за вработените во основното и средното образование“, се додава во соопштението на Министерството.