Шекеринска: Структури кои се против НАТО и ЕУ шират дезинформации
Министерката ова го изјави на денешниот Отворед ден со АРМ, демантирајќи ги информациите во дел од медиумите дека на воениот полигон Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум.
„Лага е дека на Криволак се користи осиромашен ураниум и неодговорно е и антидржавно и срамно што некој се обидува да ја злоупотреби. Најостро и најдецидно ја демантирам дезинформацијата со којашто сакаат граѓаните да се уплашат“, рече Шекеринска.