Хачисон: САД ќе ја штити Македонија од руските напади
„Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да ѝ помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност“, истакна Хачисон на денешниот брифинг за новинарите.