Земан пак му го даде премиерскиот мандат на Бабиш
АНО, партијата на Бабиш, беше победник на изборите во октомври минатата година, но откако ниедна друга партија не сакаше да коалицира со неа, Бабиш формираше малцинска Влада.
Набргу потоа на Владата ѝ беше изгласана недоверба, по што политичката криза продолжи, за денес чешкиот претседател повторно да му ја додели премиерската позиција на милионерот Бабиш.