Судењето за нападот на Села прекинато, ќе има промена на обвиненијата
Обвинителството од новата снимка утврдило дека обвинетиот Сашко Сенков го заштитувал, а не го напаѓал Села, по што е запрена постапката против него. Надлежниот обвинител оцени дека во дејствијата на Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски исто така нема елементи на кривичното дело поради што се обвинети, па било побарано тие место за обид за убиство, да се гонат за насилство.
Постапката против останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски - Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов, продолжува без измени во обвинителниот акт и тие се товарат за обид за убиство.