Туск побара Косово да ги подобри односите со Србија
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск го повика Косово да ги подобри односите со Србија за да постигне напредок кон долгорочната цел за членство во Европската унија.
„Без целосна нормализација на односите со Србија и целосно прифаќање на договорите, не гледам како може да биде постигнат пробив во односите со ЕУ“, изјави Туск на заедничка прес-конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Тој додаде дека тоа ќе биде тешко, но и дека е „претпазлив“ оптимист.