Собраниска седница за пратенички прашања
Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 44. седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седница за поставување пратенички прашања на премиерот и министрите се одржува секој последен четврток во месецот. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на седница за пратенички прашања првпат по враќањето во работата на Собранието.