Времето денеска: сончево со мала облачност
Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во југоисточните делови, каде што ќе дува и умерен југоисточен ветер. Максималната темпертура ќе се движи од 20 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со темпертура до 29 степени.