ЕК: Русија води „информациска војна“
Европската комисија директно ќе ја означи Русија дека води „информациска војна“. Тоа е дел од напорите на Европската унија во борбата против онлајн кампањите за дезинформирање за кои се оценува дека се закана за европската сигурност. Во нацрт документот во кој увид имаше Радио Слободна Европа се наведува дека „масовните онлајн кампањи за дезинформирање се користени од домашни и странски актери за сеење недоверба и креирање социјални тензии со сериозни потенцијални последици врз нашата безбедност“. „На пример руската воена доктрина експлицитно го признава информациското војување како едно од нејзините домени“, се наведува во документот кој ќе биде објавен денеска.