Османи: Имаме голем напредок во комуникацијата меѓу Македонија и Грција
„Имаме голем напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества“ , рекол Османи, изразувајќи надеж дека тоа набргу ќе резултира и со надминување на отворените прашања.
Османи, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања изразил задоволство од успешниот старт во примена на мерките за доверба, како што е преминување на земјава во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и пристапот до Јадранско-јонскиот регион.
Двајцата соговорници се согласиле дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство, се додава во соопштението на СЕП.