Дачиќ и Брнабиќ ја отфрлија можноста за признавање на Косово
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека за решавање на проблемот со Косово „мора да се земат во предвид позициите и на двата народа“. Таа порача дека Србија е подготвена да учествува во решавањето на проблемот на зрел и одговорен начини, но земјата нема да го признае постоењето на друга држава на своја територија.