Тачи: Србија само губи време со блокирањето на Косово
„Тој договор ќе доведе до целосна нормализација на нашите односи и воедно и до помирување на нашите народи. Мирот меѓу Косово и Србија значи мир за Западниот Балкан. Мирот е и порака за европеизација на целиот простор на кој живееме. Се надевам дека тоа ќе биде договор според европските стандарди и модели“, додаде Тачи.
Според него, ЕУ, со поддршка на САД, сега мора да преземе активна, динамична и водечка улога во дијалогот меѓу Белград и Приштина.