Донесен Закон за урбано зеленило
Тој вели дека со Законот се предвидува најмалку 20 проценти од секоја градежна парцела да бидат наменети за зелена површина, додека во веќе изградените парцели да се прави надоместување, односно компензација преку поставување на дрвореди и зеленило со жердинери и други системи на озеленување.
Исто така со законот секоја општина ќе биде обврзана да изработи и таканаречен зелен катастар, односно да спроведе попис на целото зеленило на територијата на општината, при што за сите идни генерални урбанистички планови утврден е стандардот од 25 квадратни метри зелена површина по жител, а сите физички и правни лица кои имаат зелени површини се обврзани редовно да го одржуваат зеленилото.