Бербок: Францускиот предлог е можност што не треба да се пропушти
Искористувањето на оваа можност е од врвен стратешки интерес и на Европската Унија и на Северна Македонија. Сега е време да се оди напред, објави на Твитер германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, коментирајќи го францускиот предлог за деболкирање на европскиот пат на земјава.
„Западен Балкан е во срцето на Европа и блиску до моето срце. Нивната иднина мора да лежи во ЕУ. Компромисот што го претстави француското претседателство за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија е можност што не треба да се пропушти“, објави на својот Твитер профил германската министерка.
Османи: Документите што ги објавуваат некои медиуми не се финалниот француски предлог
Владата денеска соопшти дека од француското претседателство со ЕУ преку Министерството за надворешни работи и бил доставен предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.
За вечерва е најавена и владина седница, по што ќе следува прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски.