Во последните три дена регистрирани 81 нови случаи на ковид-19, нема починати
Во последните 3 дена (од 17.06 до 19.06.2022) направени се 1.972 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 124 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 3 дена (од 17 до 19.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице.
САД ги одобруваат ковид вакцините за деца над 6 месеци
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.