Британија одобри екстрадиција на Асанж во САД, Викиликс најави жалба
Британскиот секретар за внатрешни работи Прити Пател одобри екстрадиција на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во САД. Тимот на Асанж соопшти дека ќе ја обжали одлуката.
Американската влада сака да му се суди на 50-годишниот Австралиец во врска со објавувањето на Викиликс на 500 илјади тајни воени документи поврзани со војните во Ирак и Авганистан, за кои САД тврдат дека загрозиле човечки животи.
Британскиот врховен суд ја одби жалбата на Џулијан Асанж против екстрадиција во САД
Поддржувачите и адвокатите на Асанж тврдат дека тој се однесувал како новинар и е заштитен со Првиот амандман кој гарантира слобода на говор за објавувањето на документите кои ги разоткриваат неправилностите на американската војска во Ирак и Авганистан.
Британското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека Асанж има рок од 14 дена да ја обжали одлуката.
Новинарски и организации за човекови права ја повикаа Велика Британија да го одбие барањето за екстрадиција.
Викиликс денеска на Твитер соопшти дека Асанж во САД може да добие 175 години затвор.
„Црн ден за слободата на печатот и британската демократија. Одлуката ќе биде обжалена“, соопшти Викиликс на Твитер.