Нов раст на цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска објави дека од вечерва на полнок ќе има ново поскапување на горивата.
Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ќе биде зголемена за три денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2,5 денари за литар.
Со ваквата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто.
Со тоа новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 107 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 109, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 97,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 95,5 денари за литар.
Сo новата одлуката на РКЕ не се менува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и останува 54,64 денари за килограм.
Колона од возила на бензинските станици во Скопје
Како причина за зголемувањето на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за над 4,5 отсто и кај дизелот за над 4,8 отсто, како и за над 0,4 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
Новите цени доаѓаат откако вчера РКЕ донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати беа зголемени во просек за 7,96 отсто.
Таквата одлука следуваше, како што наведе РКЕ, со оглед дека на вечерашното истекување на времетраењето на намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати (Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка).