Во Србија досега вакцинирани над 415 илјади луѓе
Во Србија досега се вакцинирани над 415 илјади луѓе, најмногу со кинеската вакцина Синофарм. Во земјата пристигна и првата најавена пратка на 40.000 дози на руската вакцина Спутник V. На денешната седница на Кризниот било донесено одлука да нема попуштање на досегашните епидемиолошки мерки.
На седницата е препорачано да се дозволи да бидат посетувани корисници на домови за стари лица кои примиле вакцина, но во строго контролирани услови и со почитување на епидемиолошките мерки, изјави министерката за труд и член на кризниот штаб Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Таа оцени дека во Србија е евидентирана постабилна состојба во последните неколку недели, но дека бројот на заразени и смртни случаи е се уште голем.
Кисиќ Тепавчевиќ изјави дека досега се вакцинирани нешто повеќе од 415.000 лица и дека интересот на граѓаните е голем. Досега имамло три случаи на несакани, посериозни реакции на вакцинираните, но во ниеден момент тие луѓе не беа животно загрозени, рече министерката.
Утрово во Србија пристигнаа 40.000 дози на руската вакцина „Спутник V“ – 20 000 дози од првата и 20.000 дози од втората компонента на вакцината, изјави министерот за иновации, Ненад Поповиќ, кој додаде дека во текот на февруари и март се очекува да бидат изпорачани и други количини, од вкупно два милиони дози руска вакцина.
Кога нема западна вакцина, добра е и кинеската
Тој исто така изјави дека на 11 февруари се очекува доаѓањето на руски експерти во Србија кои со српските експерти ќе разговараат за тоа што е можно побрзо да се започне со производство на руски вакцини во Србија.