Дождот ги зголеми водостоите, да се избегнува движење покрај реки
Врнежите од дожд, кои наместа се очекува да надминат и 50 литри на метар квадратен се очекува да ги зголемат значително водостоите, особено на реките Радика, Сатеска, Коселска и Голема, Треска, Вардар и Црна.
Од УХМР најавуваат дека во западните делови на места се очекува врнежите да надминат и 50 л/м2 и дека во тие делови од земјата се очекуваат значително високи водостои, полнење на речните корита како и локални излевања.
Врнежливо време, од задутре и заладување
Во источниот дел врнежите се очекува да бидат послаби, но од УХМР велат сепак висок водостој и можни слаби локални излевања се можни во сливот на реките Крива, Кумановска и Пчиња.
Од УХМР предупредуваат на крајно претпазливо и внимателно движење (по можност да се избегнува) покрај реките и суводолиците низ земјава поради опасност од нивно излевање. Ова најмногу се однесува на водотеците во западниот дел од земјата каде врнежите ќе бидат пообилни и има опасност од нивно излевање, но и на тие од источните делови каде се очекуваат високи вредности на водостоите.