Во ковид – центрите во Скопје се лекуваaт 360 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Нови 556 случаи на заразени со ковид-19
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.