Во болниците се лекуваат 798 пациенти со ковид-19, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 438 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Заедно со пацинтите кои се лекуваат во Скопје, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 798 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во ковид – центрите во Скопје се лекуваaт 360 пациенти
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.