Судири меѓу демонстрантите и полицијата против корона-рестрикциите во Копенхаген
Во центарот на Копенгаген синоќа дојде до судири меѓу демонстрантите кои протестираа против владините мерки за ограничување на епидемијата на коронавирусот и полициските единици за сузбивање протести. Повеќето говорници на плоштадот пред Градското собрание оценија дека рестриктивните мерки се целосно несразмерни со опасноста од заразата и стапката на смртност од ковид-19 и дека ги загрозуваат основните човекови права и слободи.
По говорите, демонстрантите, со запалени навивачки факли, се обидоа да тргнат во протестна прошетка кон главното шеталиште Строгет, каде што полицијата ги запре, а потоа интервенираше со пендреци и потиснување кога одбија да се разидат.
Нова мутација на коронавирусот ги затвора границите
Рестрикциите во Данска предвидуваат затворање на сите културни и спортски установи, трговски центри, угостителки објекти, занаетчиски и услужни дуќани, освен аптеките и продавниците за храна, а фирмите и јавните установи беа повикани да организираат работа од дома, додека градинките и службите за грижа на возрасни работат нормално.