Казахстан официјално ја укина смртната казна
Казахстан официјално ја укина смртната казна, по речиси дведецениската забрана за извршување на најстрогата казна. Во соопштението објавено денеска на интернет страницата на Претседателот Касим-Жомарт Токаев се наведува дека претседателот ја потпишал ратификацијата на Вториот изборен протокол на Меѓународната конвенција за човекови и политички права, документ кој ги обврзува потписниците да ја укинат смртната казна.
Казахстан воведе неограничен мораториум на смртната казна во 2003 година, со исклучок за делата поврзани со тероризам.
2016 година му беше изречена смртна казна на човек осуден за масовно пукање во Алмати. Руслан Куликбаев беше единствен што чекаше на извршување на смртната казна, но сега таа ќе му се замени со доживотен затвор.
Русија, Таџикистан и Белорусија се единствените земји од Европа и Централна Азија кои не го потпишале или ратификувале протоколот. Белорусија е единствената земја во регионот која сè уште ги извршува смртните казни.