Мицкоски најави целосна блокада на институциите ако летово нема договор за предвремени избори
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на партискиот протест вечерва пред Владата најави целосна блокада на институциите, ако летово не се постигне договор за распишување предвремени избори. Тој истакна дека активната блокада на Собранието ги дала посакуваните резулати, но ако нема договор, ќе следат нови протести и блокади. „Таа целосна блокада ќе биде во парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патиштата, протести низ градовите, блокада на процедурите и системот во распаѓање“, истакна опозицискиот лидер. Читать дальше...